Пролетен десерт: Чизкејк торта со редени бисквити и прелив од јагоди (видео)

Тортите со редени бисквити се едни од омилените затоа што со нив нема потреба да губите време на печење и не треба да сте експерти во кујна за да ги подготвите.

proleten-desert-chizkejk-torta-so-redeni-biskviti-i-preliv-od-jagodi-video-01.jpg

Чизкејк десертите се меѓу омилените во светот, а оваа брза торта ќе ве освои затоа што се подготвува многу брзо и лесно.

Совршениот спој на вкусовите на ванила и јагоди ќе им се допадне дури и на најпребирливите, па очекувајте дека тортата брзо ќе ја снема.

Потребни состојки:

За пандишпан:

  • 400g бисквити (плазма);
  • 200ml млеко;

За фил:

  • 250g маскарпоне сирење;
  • 250g пудинг од ванила;
  • Кора од половина лимон;
  • 1 лажица екстракт од ванила;
  • 40g шеќер во прав;
  • 400ml шлаг пена;

За прелив:

  • 300g замрзнати јагоди;
  • 60ml вода;
  • 40g шеќер;
  • 2 големи лажици пудинг од ванила во прав (+60ml вода).

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се ставаат состојките за филот и се матат со миксер додека да се добие изедначена смеса;
  • Во плех или калап за торта се редат бисквитите. Секој бисквит се натопува во малку млеко, пред да се стави во плехот;
  • Врз првиот ред се става половина од филот со маскарпоне сирење и се израмнува;
  • Се става уште еден ред бисквити, потопени во млеко, па врз нив се нанесува остатокот од филот;
  • Во тенџере се ставаат јагодите, 60ml вода и шеќер и се варат, па потоа се пасираат со блендер;
  • Во подлабок сад се меша прашокот за пудинг со 60ml вода и се додава во јагодите;
  • Тортата се филува со преливот од јагоди, и се порамнува;
  • Колачот се остава во ладилник околу 6 часа или преку ноќ;
  • Може да се декорира со свежи јагоди и бело чоколадо.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg