Лиснати „жу-жу“ погачици од готово тесто – полнети со сувомеснато и кашкавал

Како да подготвите вкусно „жу-жу“ печиво со состојки што сами ќе ги изберете? Овој рецепт сигурно ќе ви се допадне, брз е за правење, а можете да ги изненадите домашните и гостите со печиво за кое никој нема да ви верува дека сами сте го подготвиле.

vikend-desert-krckavo-zhu-zhu-pechivo-od-smrznato-lisnato-testo-01.jpg

Откако еднаш ќе го пробате овој рецепт, многу е веројатно да донесете одлука во домот секогаш да имате по неколку ролни смрзнато лиснато тесто, за да можете да подготвите брзи домашни печива во оние денови, кога имате гости, или едноставно ви се јаде нешто вкусно и уникатно.

Иако во овој рецепт се става кечап и мајонез, доколку сакате, слободно можете да ги изоставите, или да комбинирате други состојки по ваш вкус.

Начелно, постапката за подготовка на „жу-жу“ печиво од готово лиснато тесто е следна:

Потребни состојки:

  • 2 ролни смрзнато лиснато тесто;
  • 150g сувомеснато месо (шунка, пршута, чајна, кулен...);
  • 150g тенко исечен кашкавал;
  • 3 лажици мајонез;
  • 3 лажици доматно пире;
  • 2 јајца (за премачкување);
  • Сусам.

Начин на подготовка:

  • Рерната за загрева на температура од 190 степени Целзиусови;
  • Се зема првата ролна лиснато тесто, благо се засукува и се премачкува со тенок слој мајонез;
  • Се става еден ред тенко исечено сувомеснато месо, па врз нeго се става тенко исечен кашкавал;
  • Се зема втората ролна лиснато тесто и од едната страна се премачкува со тенок слој доматно пире, па потоа со неа се прекрива кората на која се наредени сувомеснатото и кашкавалот (така што премачканиот дел со кечап ќе дојде врз кашкавалот);
  • Вака преклопените кори се ставаат во плех за печење, обложен со хартија, се засекуваат на коцкички, а потоа во мал сад се матат 2 јајца и коцкичките се премачкуваат со нив;
  • За крај готовите „жу-жу“ коцкички се наросуваат со сусам и се ставаат да се печат на температура од 190 степени Целзиусови, околу 20 минути.

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg