Кои алкохолни пијалаци предизвикуваат најслаб мамурлак?
Некои алкохолни пијалаци можат да ви предизвикаат проблеми наредниот ден, дури и ако сте умерени.
Виски
Темниот алкохол, како виски, содржи повеќе конгенери, и со тоа предизвикува полош мамурлак. Имено, вискито содржи многу метанол, состојка која спаѓа во категоријата конгенери, кој може да остане во организмот дури и откако ќе се разгради алкохолот. Токму поради ова некои луѓе го чувствуваат мамурлакот од виски и неколку денови подоцна.
Црвено вино
И црвеното вино содржи многу метанол. Ако сакате да пиете вино, треба да следите едноставно правило – колку е потемно виното, толку е полош мамурлакот.
Пенливи вина и шампањ
Пенливите вина содржат и јаглероден диоксид, за кој се покажало дека го забрзува апсорбирањето на алкохолот. Поради ова, мамурлакот од овие пијалаци може да биде навистина неподнослив.
Спирова С. | Црнобело