Кои алкохолни пијалаци предизвикуваат најслаб мамурлак?
Многу луѓе сакаат да се опуштат со некоја чашка повеќе, но сите знаеме колку неподнослив може да биде мамурлакот ако претераме.
Веројатно имате забележено дека од некои пијалаци него ни чувствувате мамурлакот, додека од други, следниот ден не ви се станува од кревет. Причината за ова е тоа што разните пијалаци имаат различно влијание врз нашиот организам. Но зошто воопшто се појавува мамурлакот?
Секој алкохолен пијалак содржи таканаречени конгенери – еден вид нуспојава од производството на пијалакот. Некои истражувања покажале дека токму ова состојка е одговорна за мамурлакот. Односно, колку повеќе конгенери има во пијалакот, толку полош ќе биде мамурлакот. Според ова, може да се одреди кои пијалаци предизвикуваат најлош мамурлак.
Се разбира, ако претерате со каков било алкохол, следното утро ќе се чувствувате лошо. Затоа, најважното е секогаш да бидете умерени.
Во продолжение погледнете кои пијалаци предизвикуваат значително послаб мамурлак:
Вотка
Иако најчесто вотката има 40% алкохол, сепак, ако не ја мешате со други пијалаци, како сок од портокал, го намалувате ризикот од мамурлак.
Вотката во комбинација со сокови може да предизвика главоболка следниот ден.
Џин
Истите правила важат и за џинот. И во овој случај, ако го мешате пијалакот со други, засладени пијалаци, го зголемувате ризикот од главоболка.
Рум
Румот содржи малку конгенери, па затоа и не предизвикува многу лош мамурлак. Ова важи за светлиот рум, бидејќи безбојниот алкохол предизвикува помалку главоболки.