Не мораме да се видиме за да испиеме кафе заедно

Од сите начини на кои пандемијата влијае на светот, социјалниот елемент е најпогоден и веројатно трајно ќе се измени во иднина. Кога прегратките и ракувањата престануваат, важно е да го одржиме контактот со луѓето кои ги сакаме и така да го подигнеме нивниот, но и нашиот дух, за полесно да се справиме со деновите кои следуваат.

ne-mora-da-se-vidime-za-da-ispieme-kafe-zaedno-01.jpg

Поради природата на вирусот, социјалните случувања се сведени на минимум, со цел да се заштитиме себе и луѓето околу нас. Сепак, тоа не значи дека секојдневните навики треба да исчезнат. И денеска, како и обично, испијте го омиленото кафе со најблиските, на еден поинаков начин.

Помислете на сите оние чии насмевки ве радуваат: вашите родители, баби, дедовци, роднини и пријатели. Помислете на нивната безбедност и на тоа дека во вакви моменти, она што им е потребно е поддршка, утеха и добар разговор. Уште веднаш, земете го смартфонот и „поканете“ ги пријателите на шолја кафе која ќе ја испиете заедно. Тие во удобноста на својот дом, вие во вашиот - не морате да се видите за да испиете кафе заедно.

Со шоља Grand kafa  #НикогашНеСтеСами! Дури и во моменти кога напуштањето на домот не доаѓа предвид, ниту кога човечкиот контакт претставува голем ризик, па и кога никој не го посетил вашиот праг со денови. Се’ додека ја имате топлата шолја кафе пред вас, ќе ги имате и сите оние мемории од првиот пат кога ги запознавте драгите луѓе во вашиот живот, радосните моменти, случките со пријателите и љубовта од семејството.

Заедничкото пиење кафе е активност која со генерации опстојува на овие простори и нуди момент за одмор и мирен разгово. Кафето го смирува мозокот, дава фокус, ве остава будни и свесни за полесно да го поминете денот пред вас. Денеска, додека го подготвувате ѓезвето за кафе, помислете на најблиските и одвојте момент за да ги потсетите дека се грижите за нив.

Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Колагенско кафе за подмладување: Кои се ефектите и како да го направите? Џенифер Анистон и Кортни Кардашијан се само дел од светските ѕвезди кои не остан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg