8 неочекувано вкусни работи кои може да ги додадете во кафето
Кога се работи за омилениот утрински пијалак – кафето, не многумина се подготвени за експериментирање со вкусот.
Но, мора да признаеме дека после долги години, комбинацијата на кафе и вода, евентуално млеко, знае да досади.
Па, што да додадете за да пронајдете ново задоволство во вкусот на кафето?
Половина лажичка путер – можеби ви звучи како катастрофа, меѓутоа кобминацијата си има свои придобивки, вклучувајќи го и топењето на килограми.
Сладолед – Афогато е името за еспресо кое на врв има топка сладолед од ванила. Па, зошто и вие да не го пробате во домашни услови?
Мед – одличен додаток ако барате поздрава алтернатива на шеќерот.
Кардамом – овој зачин одлично се вклопува со лате кафињата, односно оние со малку млеко во нив.
Екстракт од ванила – може да ја користите оргиналната ванила во природна форма на стапче или да додадете неколку капки течен екстракт откако ќе го направите кафето.
Лимон или лимета – во овој случај, мора да пиете горко и црно кафе, за лиметата или лимонот да го зајакнат вкусот и ефектот. Никако не комбинирајте со млечни кафиња.
Кокосово млеко – идеална замена доколку не ви годи комбинацијата на млечни производи со кафе.
Растопено чоколадо – додадете 2-3 лажички растопено црно чоколадо при подготовката на топлите кафиња и уживајте во новооткриеното задоволство.
М. Д. | Црнобело