Природни лекови: 3 домашни пијалаци против киселини во желудникот
Ослободете се од непријатните симптоми и болките предизвикани од прекумерното лачење желудочни киселини.
Со помош на 3 напитоци кои лесно може да ги подготвите во домот со природни состојки сигурно ќе успеете барем малку да ја намалите болката:
Свеж босилек
Кога ќе ги почувствувате првите симптоми на лачење на желудочна киселина, земете неколку ливчиња измиен босилек и џвакајте ги.
Исто така може да сварите 3-5 ливчиња свеж босилек со 1 шолја вода. Намалете ја температурата и оставете да врие неколку минути.
Овој чај може да го пиете засладен со мед, но никако немојте да додавате млеко.
Напиток со цимет
Циметот е одличен лек за проблемите со варењето на храната и желудочните тегоби.
Додадете 1 лажичка цимет во 1 шолја вода и загрејте ја до вриење. Оставете да врие неколку минути, а потоа оставате го добро да се олади.
Овој чај треба да се пие 2-3 пати во денот, но внимавајте, циметот има способност да го намалува и шеќерот во крвта.
Каранфилче како лек
Овој зачин може да го намали лачењето на киселините во желудникот и да ги елиминира гасовите.
Едноставно земете неколку зрнца каранфилче во текот на денот и изџвакајте ги.
Ова е ефикасен лек против киселини, но и лош здив, а каранфилчето можете да го искомбинирате со кардамом.
(О)Милена | Црнобело