Зошто не треба да ја ладите вотката во замрзнувач?

Франсоа Тибо, кој е креатор на популарната вотка „Grey Goose“ открива зошто ладењето во фрижидер за замрзнување е голема грешка, особено кога се работи за квалитетни брендови.

zoshto-ne-treba-da-ja-ladite-votkata-vo-zamrznuvach-01.jpg

На секого му се чини како брза и практична идеја ставањето на вотката во замрзнувачот, за да се излади за кратко време. Благодарение на етанолот, течноста нема да смрзне, а ќе имате супер изладено шише. Но, Тибо открива дека тоа е голема грешка.

Тој смета дека евтините и неквалитетните вотки може да се ладат на овој начин бидејќи така се прикрива лошиот вкус и чувството на горење.

Но, премиум вотката е природно помека отколку евтината, па замрзнувањето би значело дека ќе бидат скриени сите софистицирани вкусови и ароми и консументот нема да може да го почувствува комплетното искуство.

zoshto-ne-treba-da-ja-ladite-votkata-vo-zamrznuvach-02.jpg

Затоа, Тибо советува дека неговата вотка, но и сличните на неa, треба да се чуваат на температура од 0 до 4 степени Целзиусови степени. Секако, тој не советува да ја чувате на собна температура, бидејќи дури и најскапите и најквалитетните вотки во таков случај имаат силен вкус.

Практично, ако потрошите повеќе пари на квалитетен пијалак, со тоа што го ладите во замрзнувач, всушност го потценувате и не ги почитувате потрошените пари.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg