5 смутија кои ќе ви дадат енергија по летниот тренинг
-->
Летната сезона е периодот кога сите се во духот на слабеењето, се грижат за исхраната, но и максимално се трудат да се одржат во форма со вежбање.
Но, колку што е важен тренингот, толку е важно и опоравувањето по него и грижата за телото и организмот.
-->
Посебно доколку сте почетник, важно е по тренингот, независно каков е, да му ја вратите силата и енергијата на телото, како и изгубените протеини и јаглехидрати.
Според експертите, доволно е да испиете едно смути со препорачани намирници.
5 идеи за смути по тренинг:
За освежување на телото по тренинг
- 1 шака спанаќ
- 1 смрзната праска
- ½ свежа банана
- ½ свежа тиквица
- Малку кокосова вода (по желба)
- 4 лажици павлака
За уживање во вкусот на енергија
- Рамна лажичка какао во прав
- 1 лажичка кокосово масло
- 150 g високо протеинска урда
- Вода
- Малку мед по желба
Десерт за енергија
- ½ шолја немасен јогурт
- ½ шолја млеко
- 1 банана
- 1 лажица путер од кикирики
- 1 шака свеж спанаќ
- 1 лажичка екстракт од ванила
Микс за енергија пред и по тренинг
- 2 чаши полномасно млеко
- 1 голема банана
- 1 лажичка мед
- ½ лажичка екстракт од ванила
- 1 шака ореви
За брзо топење на масти
- 1 шолја полномасно млеко
- 1 лажичка екстракт од ванила
- ½ чаша нискомаслен јогурт
- ½ шолја овесни снегулки
- 1 лажичка какао во прав
- Прстофат цимет
- Мала смрзната банана
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот)
Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...