Грешки кои чајот може да го претворат во опасен пијалак
Чајот ни е еден од омилените пијалаци кога сакаме да го загрееме целото тело.
Сепак, колку и да мислиме дека неговата подготовка е наједноставното нешто на светот, попатно грешиме.
Ви посочуваме неколку грешки кои треба да престанете да ги правите за да си го сочувате здравјето и безбедно да се затоплите:
1. Избегнувајте чаеви со вкус на цитрусни овошја
Истражувањата спроведени на над 30 видови чај покажуваат дека цитрусните чаеви имаат големо ниво на олово и алуминиум, кои се штетни за срцето, бубрезите и репродуктивниот систем.
2. Не купувајте евтини варијанти
3. Чајот го пиете премногу топол
Жешкиот чај со температура над 70 степени може негативно да влијае на крвните садови, а вдишувањето на жешката пареа може да предизвика и крварење од носот.
Оптималната температура за пиење на чајот е 50 степени, или после 5-7 минути ладење на собна температура.
4. Правите премногу силен чај
Ако често пиете премногу силен и концентриран чај, големи количини на флуор ќе се акумулираат во коските, што понатаму може да предизвика здравствени проблеми.
Гледајте да не пиете повеќе од 4-5 шолји чај на ден, и тоа кесичките не би требало да отстојат повеќе од 3-4 минути во топлата вода.
5. Пиете чај веднаш после јадење
Задолжително почекајте 20 минути по оброкот, пред да се напиете топол чај.
М. Д. | Црнобело