Експерт за алкохол дава уникатни совети за љубителите на виски
Кој вели дека мора да следите однапред поставени правила за пиењето виски? Еван Ган советува вие да си направите правила според сопствениот вкус.
Ако сте љубител на вискито тогаш сигурно го знаете цитатот на Марк Твејн: „Премногу од сè е лошо, но премногу виски е едвај доволно“ или пак цитатот „Тоа што вискито не може да го излечи, нема лек“.
Чаша од овој квалитетен пијалак од некој од познатите брендови ќе ве релаксира за миг.
Експертот за алкохол и бренд амбасадор Еван Ган дава совети околу консумирањето на виски од неговото 19 годишно искуство во индустријата:
Не бирајте според годината на производство, туку според вкусот
Кога луѓето купуваат виски, како да имаат некоја опседнатост со неговата старост, но наместо според бројот на годините на вискито подобро е да се ориентираат според вкусот што нив им одговара.
Луѓето мислат дека постарото е подобро, но тоа не е секогаш така. Постојат одлични вкусови на виски без разлика што не се стари со години.
Игнорирајте ги правилата што мислите дека ги знаете
Луѓето често следат одредени правила при пиењето на виски, како што се никогаш не додавајте вода, не пијте го со мраз, треба да сте постари за да знаете да уживате во виски, вискито е машки пијалак итн.
Сето тоа се бесмислици. Нема потреба да се грижите за правилата, важно е да уживате во вискито и да го пиете на начинот на кој вам ви се допаѓа.
Ако се вратите векови наназад ќе видите дека луѓето го пиеле вискито дури и во коктели во комбинација со разни билки и зачини.
Експериментирајте во комбинацијата со храна
Комбинирајте го вискито со храна и тоа на интересен начин.
Можете да го комбинирате со остриги, со сино сирење, со крем бруле итн.
С. С. | Црнобело