Најдоброто вино на свет чини 5 евра: Факти за виното кои треба да ги знаете
„Вистината е во виното“ – изрека која сите многу добро ја знаеме, а посебно љубителите на вино.
Овој пијалак е многу стар и со себе носи долга традиција и историја, за која многу малку луѓе знаат.
На пример, дали знаете кое е најстарото вино? Дали знаете какви бенефити имаме од него?
Доколку не знаете, прочитајте ги следниве факти и совети за виното, кои сите негови љубители треба да ги знаат:
Како правилно да ги чувате шишињата вино?
Експертите советуваат дека шишињата вино треба да се чуваат во хоризонтална положба. Така и плутата ќе се навлажни и нема ад се исуши, во спротивно, во шишето ќе навлезе воздух и виното ќе оксидира.
Виното е добро за мозокот
Според неодамнешни истражувања, докажано е дека сомелиерите имаат дел во мозокот кој е одговорен за препознавање мириси, многу повеќе отколку останатите луѓе. Во 2014-та пак, е покажано дека скромното консумирање на вино помага да се намали ризикот од пад на когнитивните способности.
Најпопуларна врста на грозје
Најпознатата врста на бело грозје е шардоне, па затоа најпопуларните бели вина се направени од него. Шардонето ги воодушевува неговите љубители со богатиот овошен вкус и специфичната арома.
Постои смрзнато вино
Така е наречен овој тип на десертно вино кое се прави од смрзнато грозје на лозјето. Се прави од квалитетно грозје, но поради комплицираниот начин на произведување, едно шише вакво вино чини околу 30-50 долари, а може да се најде во делови на Америка и Европа.
Пиењето вино го намалува ризикот за заболувања
Истражувањата покажале дека умерено консумирање на вино може да го намали ризикот од мозочен удар, срцев удар и кардиоваскуларни болести, а црвеното вино спречува болести како Алцхајмер.
Бојата на виното
Многумина се лажат кога мислат дека белото се прави само од бело грозје, а црвеното вино од црно грозје. Всушност, бојата многу често зависи од лушпата на грозјето, па така и белото вино може да се прави од црно грозје, но ако претходно се отстрани лушпата.
Синергија на вкус
Виното и храната речиси секогаш одат заедно и го надополнуваат вкусот, кој не може да се постигне доколку консумирате само вино или само храна. Но, за да се постигне таа синергија, важно е и да знаете кое вино со која храна одговара.
Како да пиете вино од чаша?
Според бонтон правилата, чашата треба да се држи во долниот дел како на фотографијата, бидејќи во спротивно ако раката ви стои горе, ќе го загреете виното со дланката и ќе се уништи вкусот.
Најлоши места за чување вино
Кујната и фрижидерот се дефинитивно најлошите места за чување вино, со оглед на тоа што виното не сака ниту премногу висока ниту ниска температура. Затоа, чувајте го виното на темно место на собна температура.
Вино со газирани пијалаци и крв од кобра
Некои гурмани преферираат виното да го мешаат со газирани пијалаци, тврдејќи дека тоа помага вкусот на виното да добие појак интензитет, иако не многумина го препорачуваат тоа, барем кога се работи за квалитетно вино.
А, во некои виетнамски ресторани пак, виното го сервираат со крв од кобра. Оваа комбинација, според локалците му дава сила на телото.
Колку грозје е потребно за едно шише вино?
Во едно шише вино има отприлика 1 килограм грозје, но сепак тоа зависи од многу работи, па не мора да значи дека секогаш е така.
Каде се прави виното?
Виното се прави речиси во сите делови на светот, освен на Антарктикот, каде климатските услови не се погодни за развој на овој занает.
Најдоброто вино на светот чини помалку од 9 долари (помалку од 7 евра)
Едно од најдобрите вина кое добило сребрен медал на Интернационалниот вински натпревар е розе виното Côtes de Provence Rosé, а зависно од местото на продажба, чини од 5-9 долари.
Најскапо продаденото вино
Најскапо продаденото вино пак, е виното Château Cheval Blanc од берба од 1947-ма година. Виното е продадено на аукција во Женева за цена од 304,375 долари (околу 260.000 евра).
Најстарото вино на светот
Jerez de la Frontera е силно шпанско вино од бербата од 1775 година, што го прави најстаро европско вино во светот од колекцијата „Massandra“. Останатите 5 шишиња се чуваат во музеј во Крим.
М. М. | Црнобело