Витаминска бомба против настинки: Смути од спанаќ и банана

Есента е период кога владеат настинки и вируси, па затоа треба дополнително да го заштитите организмот.

vitaminska-bomba-protiv-nastinki-smuti-od-spanakj-i-banana-01.jpg

Колку е посилен имунитетот, толку сте поотпорни на бактерии и вируси. За зајакнување на целиот имунолошки систем, пожелно е во исхраната да вклучите овошје и зеленчук во големи порции, или свежи, или во смути сокови.

Овој рецепт кој се базира на спанаќ и банани се подготвува многу лесно и брзо, а ќе ве штити од настинки во текот на ладните денови.

Потребни состојки:

  • 30 грама спанаќ
  • 2 шолји кокосово млеко (или немасен јогурт)
  • 3 банани
  • 1 мало парче ѓумбир, исечкано
  • ½ лажичка цимет
  • малку кардамом

Подготовка:

Спанаќот и млекото (или јогуртот) измешајте ги во блендер додека да добиете хомогена смеса. Додајте ги бананите, ѓумбирот, циметот и зачинот кардамом и сé заедно измешајте во блендерот.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg