Вкусен коктел за крај на летото: Шејк од банана со рум
-->
Ги одбројуваме последните денови од летото, но тоа не значи дека не можеме да се освежиме со некој вкусен коктел.
Иако е калоричен, овој интересен шејк од банана ќе ве освежи и ќе ве подготви за есенските денови што претстојат. Се подготвува брзо и лесно.
-->
Потребни состојки:
- 2 банани со средна голема (може да бидат и замрзнати)
- една мала чашка рум (ставете рум во чашка за ракија)
- една лажичка кафеав шеќер
- половина лажичка цимет
- мраз
- шлаг (по желба)
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер. Подготвениот пијалак послужете го во висока чаша со цевка. Овој коктел е уште повкусен ако одозгора ставите прелив од карамела.
М. В. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка
Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома?
Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео)
За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
-->
-->