Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пијалак за хипстери: Розово пиво со вкус на шеќерна волна

Oмилениот вкус од детството, сега е достапен и во верзија само за возрасни – како алкохолен пијалак за страстните љубители на пиво.

pijalak-za-hipsteri-rozovo-pivo-so-vkus-na-shekjerna-volna-1.jpg

Сладокусци на пивото, подготвени ли сте за нешто сосема ново и невообичаено?

Малата пиварница „Malt Shovel Brewery“ од Сиднеј, одлучи да го создаде најхипстерското пиво во последно време – со темно розова боја и вкус на шеќерна волна.

pijalak-za-hipsteri-rozovo-pivo-so-vkus-na-shekjerna-volna-2.jpg

Како дошле на идеја за производство на вакво пиво?

Главниот пивар Крис Шихан ја пронашол инспирацијата во исклучително популарните австралиски ледени стапчиња со вкус на шеќерна волна.

pijalak-za-hipsteri-rozovo-pivo-so-vkus-na-shekjerna-volna-3.jpg

Додека за време на паузата се излежувал со студено пиво во едната рака, а ледено стапче во другата, сфатил дека вкусовите на двата производа одлично функционираат заедно.

pijalak-za-hipsteri-rozovo-pivo-so-vkus-na-shekjerna-volna-4.jpg

Како пивска база го зел германското пиво Kölsch (лесно и бледо пиво), во комбинација со посебен екстракт од шеќерна волна и тајната состојка – ванила.

Пивото има автентичен микс на вкусови, па не е реплика на ниту една од состојките поединечно.

pijalak-za-hipsteri-rozovo-pivo-so-vkus-na-shekjerna-volna-5.jpg

Розовите пива ќе ја доживеат својата премиера на австралискиот фестивал на пивото - Great Australian Beer SpecTAPular.

Има ли заинтересирани за дегустација?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg