Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пијалак 9 во 1: За ослободување од пролетниот замор и за чистење од токсини

Со доаѓањето на пролетта традиционално чистиме сè, од гардероба до домот, но честопати забораваме на најважната детоксикација на телото.

pijalak-9-vo-1-za-osloboduvanje-od-proletniot-zamor-i-za-cistenje-od-toksini-1.jpg

Направете кратка детоксикација и враќање на енергијата со еден сок од 9 состојки.

Потребно ви е:

  • 1 шолја оладен зелен чај
  • 1 лажица коријандер
  • 1 шолја исечкано зелен лиснат зеленчук по желба
  • 1 шолја исечкана краставица
  • 1 шолја исечкан ананас
  • Свежо исцеден сок од 1 лимон
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • ½ авокадо
  • Мед по желба

Подготовка:

Блендирајте додека не добиете мазна смеса.

pijalak-9-vo-1-za-osloboduvanje-od-proletniot-zamor-i-za-cistenje-od-toksini-2.jpg

Пијте го овој шејк во кое време и да посакате, но важно е и да пазите на исхраната. Во комбинација со брза, пржена и нездрава храна, сосема очекувано е дека нема да има никаков ефект.

Коријандерот е моќен диуретик, исто како и лимонот кој одлично го поттикнува варењето, додека зелениот зеленчук содржи витамини А и Ц, како и минерали железо, магнезиум, калиум.

Авокадото изобилува со незаситени масти, витамин Б, Е и калиум. Ананасот е богат со витамините Б и Ц, како и минерали кои се клучни за енергијата на телото

Краставицата е богата со витамини А, Ц и К, ѓумбирот е богат со минерали како и витамин Ц, а зелениот чај е одличен антиоксиданс кој го спречува создавањето на канцерогени клетки.

Кога на сето ова ќе додадете малку мед, кој содржи повеќе од 300 хранливи вредности, не може а да не почувствувате енергија и свежина.

pijalak-9-vo-1-za-osloboduvanje-od-proletniot-zamor-i-za-cistenje-od-toksini-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg