Практичен изум за наједноставно подготвување на млечен или воден кефир
Ова е специјална тегла за љубителите на здравиот пробиотски пијалак кефир, со повеќе додатоци за лесна и едноставна подготовка.
Кефирот претставува домашно подготвен пробиотик во течен облик, а постојат два типа на кефир со слични својства, млечен и воден.
Овој здрав пијалак е специфичен по тоа што мора да се пие свеж, а кефирните кристали или габички како живи организми, треба редовно да се одржуваат активни.
Љубителите на кефирот знаат дека неговиот вкус е многу освежителен, но процесот на подготовка е малку специфичен, понекогаш здодевен и се создава неред во кујната. Исклучиво се употребува прибор кој не е метален и постапката се повторува на речиси секои 1-2 дена.
Решението кое дефинитивно ќе го олесни тој процес е т.н. „Кефирко“, стаклена тегла дизајнирана за да го поедностави начинот на подготвување на млечниот или водениот кефир. Исто така оваа тегла може да се примени и за 'ртење на семиња.
Погледнете како изгледа подготвувањето на пијалакот со функционалната тегла и сигурно позитивно ќе се изненадите од овој нов пронајдок.
Млечен кефир со Кефирко:
Воден кефир со Кефирко:
Е. А. | Црнобело