Желе шотови за малку поинаква алкохолна приказна
Ви се здосади пивото (ова звучи неверојатно, но некогаш е вистинито), коктелите и белото вино?
Време е за нешто поинакво – желе шотови со кои ќе ја претворите вашата забава во оние кои долго се прераскажуваат. Подготовката е едноставна, а намирниците лесно достапни.
Зграпчете го летото и наздравете со овие 3 интересни желе шотови:
Пијани гумени бонбони
Потопете поголема количина Харибо мечиња или гумени бонбони по избор во вотка и оставете ги во покриен сад 24 часа, добро да го впијат алкохолот. Послужете во мали чаши.
Шотови во форма на лубеница
Пакетче желатин се истура во 200ml зовриена вода додека добро не се соединат. Потоа се додава шолја текила и добро се меша.
Лиметите се сечат на половинки и со остар нож се вади овошјето, за да останат како празни школки.
Се полнат со алкохолната течност и се оставаат во фрижидер околу 4 часа. Се украсуваат со црно семе или црн сусам, за да добијат изглед на мини лубеници.
Совет: Најдобро е да најдете црвен желатин, а доколку не успеете, тогаш и обичен желатин и малку прехранбена црвена боја ќе ви завршат работа.
Маргарита сини коцки
2/3 шолја свеж сок од зелени лимети се меша со 1/3 шолја вода и 1 голема лажица шеќер или 1-2 лажици агаве сируп според вкус.
Се додава ќесичка желатин, добро се меша и се вари на ниска температура додека не се згусне.
Се додава ¾ бела текила и ½ шолја блу куракао и се промешува.
Течноста се истура во правоаголен сад и се остава во фрижидер добро да се олади.
При сервирање, се сече на коцки и се украсува со крупен бел шеќер. Внимавајте, шеќерот брзо се топи, па затоа треба да се „изедат“ што е можно побрзо!
Пријатни алкохолни моменти!
(О)Милена | Црнобело