Вински водич за почетници: Која е разликата меѓу винските сорти?
Денес, виното е многу важен дел од сечиј живот и скоро е срамота да не ги познавате барем основните сорти.
Ако ништо друго, барем да не се посрамотите кога сте излезени на љубовен состанок и партнерот ве замоли вие да одберете што да пиете.
Можеби и не ви изгледа како причина за срам, но зошто да не знаете нешто повеќе за виното?
Постојат 6 типа на грозје кои се делат на две групи: бело и црвено.
Бело:
Ризлинг (Riesling) – Ова е најлесното бело вино. Некои се суви, а некои се благи. Кога ќе се спомне ова вино, луѓето најчесто помислуваат на слатко германско вино. Ако ве интересира колку е благо виното, тогаш погледнете го процентот на алкохол – колку е помал процентот, толку повеќе шеќер има во виното.
Сувињон Бланк (Sauvignon Blanc) – Средно вино кое повеќе има киселкаст вкус. Балансирано вино кое е најдобро за топол ден и оди со скоро сѐ од храна.
Шардоне (Chardonnay) – Најтешко и најпопуларно од категоријата на бели вина. Може да биде киселкасто, но може да има и кремаста текстура.
Црвено:
Пино Ноар (Pinot Noir) – Најлесно црвено вино кое најтешко се одгледува – па затоа за многу луѓе има и најдобар вкус.
Мерло (Merlot) – Средно вино со добар баланс помеѓу вкусот и текстурата. Едно од најпродаваните вина во Америка и најверојатно најскапо вино во светот - Chateau Petrus е Мерло.
Каберне Сувињон (Cabernet Sauvignon) – Тешко црвено вино кое оди со храна како стек или некој друг вид месо.
Постојат 6 типа грозје кое се разликуваат по блажината и по текстурата. Разликата всушност е како мастите во млекото - сигурно чувствувате разлика помеѓу обезмастено млеко и млеко со 2% маст. Исто е и со виното.
Затоа, следен пат кога ви се пие алкохол, вотката, вискито, текилата или некој друг пијалак заменете го со вино. Проширете ги хоризонтите, откријте нови вкусови и уживајте во елеганцијата на виното.
С. С. | Црнобело