Што ќе ви се случи кога ќе престанете да пиете газирани сокови?
Без оглед заради која причина ќе се откажете од газираните сокови, постојат најмалку 4 промени кои ќе ви се случат во телото.
1. Подобро ќе ги чувствувате вкусовите
Сите вметнати засладувачи во газираните пијалаци може да ги променат рецепторите во мозокот, а се покажало и дека лицата кои често ги пијат многу почесто избираат нездрава храна. Од друга страна пак, лицата кои престанале да консумираат газирани пијалаци, попрво би одбрале јаболка и сирење за ужина, отколку чипс и чоколадо.
2. Ќе изгубите неколку килограми
Газираните пијалаци полесно ги собираат масните наслаги околу стомакот и бутовите, а покрај тоа високиот крвен притисок и високите триглицериди може да доведат до дијабетес.
3. Коските ќе ви се зајакнат
Секоја чаша газиран сок која ќе ја испиете, ги зголемува шансите од скршеници на коските кога ќе остарете затоа што докажано е дека газираните пијалаци ги слабеат коските.
4. Подобро ќе го поднесувате алкохолот
Пред извесно време беше докажано дека чистиот алкохол има помали шанси да ве опие, отколку алкохолот помешан со газирани пијалаци, односно големи количини на шеќери и нездрави додатоци.