Изразен вкус и смели линии на новата Cockta Black Tonic

Скопје, 17.06.2015 - Cockta Ви го претставува новиот револуционерен вкус на Cockta Black Tonic. Уникатната комбинација од Cockta и тоник, со богат, исклучителен карактер, дебитира како сосема нов сегмент на пазарот на темни горчливи тоници. Врвната содржина е совршено надополнета со ексклузивното и елегантно 100% рециклирачкото шише од црно стакло, дизајнирано специјално за Cockta Black Tonic од страна на реномираната шпанска агенција „ПоинтБлу“ (PointBleu).

izrazen-vkus-i-smeli-linii-na-novata-cockta-black-tonic-01.jpg

Cockta Black Tonic не следи трендови, туку ги создава. Заводливата и мистериозна форма открива пријатен освежителен пијалак кој ќе ги задоволи дури и најпрефинетите вкусови. Специфичниот вкус на класичната Cockta, кој е еден од најпрепознатливите и најдобро продаваните сокови во регионот, е хармонично надополнет со кинин и кофеин, кои за првпат се појавуваат во повеќе од 60-годишната традиција на брендот „Кокта“.

Ново освежување со природни состојки

Колоритната содржина се одликува со луксузна мешавина од билки без вештачки бои, фосфорна киселина или фруктузно-глукозен сируп и е креативно зачинета со екстракт од грејпфрут кој го комплетира вкусот на пијалакот со цел да создаде една привлечна целина. Со неговиот изглед и содржина, Cockta Black Tonic јасно се издвојува од постојната понуда, дури и пошироко од неа. Првите реакции на потрошувачите, кои веднаш го прифатија новиот вкус, покажуваат дека нуди врвно доживување кое ги предизвикува и милува сетилата. 


Елегантни и заводливи линии на шишето на Cockta Black Tonic

Шлагот на тортата е обезбеден со ексклузивното стаклено шише, обоено со престижните црни и виолетови нијанси преку посебна технологија за време на фазата на производство. Софистицираниот дизајн беше доверен на познатата шпанска агенција „ПоинтБлеу“ (PointBleu), имајќи ги на ум џентлемените од XXI век. Неговата елегантна форма е засилена со контрастот меѓу тенкото тело и силниот врат на шишето. Темното стакло открива мистериозен карактер, кој, во комбинација со хромираната етикета и електрично жолтиот допир, нè потсетува на златното доба на бунтовниците од стилот на Џејмс Дин.

Cockta Black Tonic, исто така, е достапен во шишиња од половина и 1,5 литри изработени од делумно рециклирачка пластика.

izrazen-vkus-i-smeli-linii-na-novata-cockta-black-tonic-003.jpg

Додадената вредност на Cockta Black Tonic

Дополнителното уживање со Cockta Black Tonic доаѓа од можноста за неговата способност да биде комбиниран со други состојки и пијалаци со цел врвно коктел задоволство.

Како да го подготвите „Темната страна на Џинот“- еден од омилените Cockta Black Tonic коктели?

Состојки:

  • 100мл Cockta Black Tonic
  • 40мл Џин
  • 10мл сок од лимон
  • Парче лимон
  • Мраз

Рецепт:

Класиката никогаш немала подобар вкус. Светлата горчина на Џинот и Cockta Black Tonic ќе ве загрее на вистинското место. За да додадете малку елеганција, послужете го во висока чаша со голема количина мраз и парче лимон.

izrazen-vkus-i-smeli-linii-na-novata-cockta-black-tonic-002.jpg

Би можело да ве интересира:

Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg