Кое кафе содржи најмногу кофеин?
Кафето од кафуле или турското, еспресо или филтер кафе - во ниеден случај не станува збор за исто количество на кофеин.
Пронајдете си го омиленото кафе и дознајте колку кофеин консумирате секојдневно:
Инстант кафето подготвено во кафулиња содржи околу 100mg кофеин по чаша, што е помалку отколку кофеинот кој го содржи една чаша филтер кафе, но тоа не значи и дека е поздраво.
На овој начин подготвен пијалак, најтешко е од кафе да се отстрани маснотијата, па со тоа се зголемува и нивото на лошиот холестерол во крвта.
Од друга страна пак, хартиениот филтер многу подобро ја апсорбира маснотијата. Една чаша филтер кафе содржи и до 150mg кофеин, кој може да им пречи на луѓето со премногу чувствителен желудник.
Чаша еспресо пак, содржи двојно помалку кофеин, околу 80mg и малку маснотии, а инстант кафето има уште помалку кофеин.
Турското кафе содржи 160mg кофеин, како и целосно нефилтрирани маснотии, заради што може негативно да влијае врз здравјето ако се консумира во претерани количества.