Зимски шејкови за брзо согорување на калории
Во текот на зимскиот период секогаш се опуштаме кога во прашање е храната, а подоцна на пролет завршуваме со вишок килограми кои ни создаваат главоболка.
Во студените денови сме помалку активни, па така се спушта и нашиот метаболизмот, а славите и сите празници само дополнително ни одмагаат и ја уништуваат нашата линија.
За да си помогнете себеси и на вашиот организам, неопходно е почесто да консумирате шејкови кои ќе го забрзаат вашиот метаболизмот и ги согоруваат калориите.
Овие пијалаци не само што ќе ви помогнат да ја задржите витката линија, туку и ќе ви дадат дополнителна енергија за наредниот ден:
1. Шејк од ананас и ѓумбир
Ѓумбирот е корен кој одлично влијае врз работата на метаболизмот. Ако не сте љубител на ананас, тогаш можете да го замените со портокал, мандарина или лимон.
Потребни состојки:
- 1 банана
- 1,5 чаша свеж ананас
- 1 кафена лажичка свежо изрендан ѓумбир
- ½ чаша павлака
- ½ чаша сок од ананас
Сите состојки ставете ги во блендер и промешајте.
2. Тропски шејк
Овој е еден од многуте шејкови со тропско овошје по кои не можеме да одолееме. Освен што го забрзува метаболизмот, витамините А и Ц од тропското овошје го зајакнуваат имунитетот.
Потребни состојки:
- ½ чаша исечкани дињи
- ½ чаша манго
- ½ семки од тиква
- ½ чаша ананас
- Малку вода за да го промешате овошјето.
Како и во претходниот рецепт, сите состојки ставете ги во блендер.
3. Шејк од урми
Овој шејк е вистинска енергетска бомба и е ризница на здравјето.
Потребни состојки:
- Урми
- Банани
- Малку цимет
- 1 чаша млеко од бадем или кокос
Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете течна смеса.
Ако сакате шејкови кои се поретки, додајте повеќе течности од рецептот.