Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Направете домашен битер-лемон

Еден од најосвежителните пијалаци може да си го подготвите дома и да се разладувате за време на топлите летни денови. Нема ништо што може да ви даде попријатно чувство и да ви го задоволи организмот од лимонот.

napravete-domasen-biter-lemon-01

Покрај тоа, здрав е, полн со витамин Ц, а во комбинација со сода бикарбона има и низа други лековите својства.

Потребни состојки:

  • 2 l обична вода
  • ½ kg лимони
  • 1 грејпфрут
  • 1 kg шеќер
  • 6 кесички лимонтус
  • малку сода бикарбона
  • ½ чаша минерална вода

Подготовка:

Лимонот и грејпфрутот добро измијте ги и оставете ги потпоени во раствор од сода бикарбона да отстојат 24 часа.

Извадете ги и исплакнете ги, па сомелете ги во соковник и процедете ги низ газа.

На тоа додајте 2 l вода, шеќерот и лимонтусот. Мешајте додека не се разложат.

Сирупот сипете го во чаши и додајте малку минерална вода.

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg