Еве како да подготвите совршено, ледено кафе во домашни услови

Кога високите температури станаа секојдневие, љубителите на кофеинското задоволство сигурно веќе одамна се префрлија на неговата студена верзија.

eve-kako-da-podgotvite-sovrseno-ledeno-kafe-vo-domasni-uslovi-01.jpg

Леденото кафе подготвена во домашни услови може да има навистина совршен вкус, а за тоа ви се потребни само неколку минути.

Можете да го подготвите на неколку начини и слободно да си поиграте со неговиот вкус.

Испробајте го студеното варено кафе. Тоа ја намалува киселоста на кофеинот, а притоа ја намалува и непосакуваната горчлива арома.

За студеното кафе потребно ви е да ставите неколку зрна кафе во поголем сад или бокал, а количината одредете ја по сопствен вкус.

Преку зрната прелијте 6-9 чаши студена вода, садот покријте го и оставете го кафето да отстои 12 часа. По 12 часа со помош на цедалка процедете го.

Сервирајте ја чашата со многу мраз, 1/3 кафе и 2/3 млеко, а по желба можете да додадете рендано чоколадо, темен прелив и шеќер.

Ако сепак сте љубител на топлото кафе, сварете го класично така што ќе додадете барем 1 лажичка повеќе. Оние кои пијат слатко кафе добро би било да го засладат за време на варењето, а потоа да го истурат во стаклен бокал.

Оставете го да се олади 1 час на собна температура, а потоа ставете го во ладинлик 3-4 часа. Додајте неколку коцки мраз, млеко и додаток по желба, па промешајте.

Сервирајте во високи чаши, како и вообичаено, точејќи од бокалот.

eve-kako-da-podgotvite-sovrseno-ledeno-kafe-vo-domasni-uslovi-02.jpg

Леденото кафе можете да го подготвите и во облик на фрапе. Подготовката е едноставна – во блендер ставете ситен лед и ¼ шолја млеко, 4-5 лажици кафе и екстракт од ванила.

По желба зачнете со какао, чоколадо или цимет и совршеното фрапе послужете го во високи чаши.

Шејкот со инстант кафе е уште еден идеален начин за брза подготовка кога ќе ви дојдат пријатели.

Потребно е да го растопите инстант кафето со малку жешка вода, да додадете шеќер и силно да мешате неколку минути. Потоа додајте 200ml студено млеко и ситен мраз.

Мешавината ставете ја во шејкер или пластично шише и добро промешајте. Послужете со додатоци по желба.

Зависно од тоа колку егзотичен вкус сакате, можете да додадете малку сок, кора или сладолед од портокал во кафето.

Љубителите на овошните вкусови почестете ги со 2 топки сладолед од малина во кафето.

Ледената шолја кафе можете да ја зајакнете со малку ликер од кафе, Бејлис или екстракт од ванила.

За побогат вкус, во секогаш чувајте замрзнато кафе во калапите за мраз.

На здравје!

eve-kako-da-podgotvite-sovrseno-ledeno-kafe-vo-domasni-uslovi-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg