Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Подгответе шејк од киви кој ќе ви ја подигне енергијата

Ако не знаете како да се справите со првите високи температури, како да останете хидрирани и да ја вратите енергијата за работниот ден кој следи, вреди да го испробате вкусниот шејк од киви и јогурт.

podgotvete-sejk-od-kivi-koj-ke-vi-ja-podigne-energijata-01

Кивито ќе ви ја врати потребната количина на витамин Ц во организмот и ќе ве одржи свежи и ќе ви го зајакне имунитетот. Покрај тоа, ова зелено овошје е идеален лек против измореното, мрзеливо тело.

Јогуртот е одличен за регулирање на цревната флора и подигнување на имунитетот. Покрај тоа, освежителниот вкус е нешто што секој го обожава.

За подготовка на оваа енергетска, освежителна бомба потребни ви се 3 киви, 200ml јогурт, сок од половина лимон, лажичка мед.

Излупете ги кивите, исечкајте ги на коцки и ставете ги во блендер. Додајте го јогуртот, сокот од лимон и лажичката мед, па добро измиксирајте.

Ставете неколку коцки мраз за разладување и испијте го шејкот наутро, наместо кафе.

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg