Топли пијалаци со зимска арома

Зимата сè уште не започнала, но веќе почнавме да војуваме со ниските температури.

topli-pijalaci-so-aroma-na-zima-01

За да извојувате победа на вкусен и ароматичен начин, подгответе си некој од овие 3 топли пијалаци и почастете се себеси и најмилите.

Божиќна топла чоколада

  • 100g црна чоколада за готвење
  • ½  лажица шеќер
  • 2 лажици еспресо
  • ½ лажица цимет
  • 1dl вода
  • 1 лажица кора од портокал
  • 4 шолји млеко
  • 1 лажица мелени бадеми
  • Стапчиња цимет за украсување

Подготовка:

Чоколадата, шеќерот, еспресото, циметот, кората од портокал и водата загрејте ги на тивок оган. Мешајте додека чоколадото не се стопи и варете околу 5 минути. Заедно со бадемите, добиената течност измешајте ја со млеко, но не дозволувајте да зоврие.

Послужете во големи шолји и декорирајте со стапчиња цимет, рендано чоколадо или шлаг.

topli-pijalaci-so-aroma-na-zima-02

Празничен пунч

  • 1l црно вино
  • ½l црн чај
  • ½l рум
  • 1 портокал
  • 1 лимон
  • 500g шеќер
  • 1-2 лажици цимет
  • Арома од ванила по желба

Подготовка:

Во длабок сад ставете го црниот чај, виното, сокот од лимон и портокал, циметот и варете на тивок оган и внимавајте течноста да не зоврие. Мешавината претурете ја во стаклен сад и додајте го шеќерот. Додадете го румот и аромата од ванила, добро промешајте и послужете.

Служете во стаклени чашки, со стапчиња цимет или парчиња портокал.

topli-pijalaci-so-aroma-na-zima-03

Црвена топла чоколада

  • 0,3dl кампари
  • 0,3dl бренди
  • 0,3dl млеко
  • 1 лажица слатка павлака
  • 1 лажица чоколадо во прав


Подготовка:

Ставете го млекото, павлаката и чоколадото во прав и варете. Откако ќе ја тргнете течноста од оган, додајте ги алкохолните пијалаци.

Послужете во стаклена шолја и декорирајте со што и да посакате - слатка павлака, чоколадо, цимет, ванила...

topli-pijalaci-so-aroma-na-zima-04

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg