Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 вкусни пијалаци за безкофеинско будење

И покрај тоа што се храните здраво, пиете многу течности и спиете најмалку 8 часа дневно, во некои напорни денови неопходна ви е енергетска бомба која ќе ве расони и расположи.

3-vkusni-pijalaci-za-bezkofeinsko-budenje-01

Пред да посегнете по кафето полно со кофеин и шеќер, размислете уште еднаш.

Дали знаевте дека постојат и други пијалаци кои го имаат истиот ефект, се подготвуваат за исто време како и кафето, а се многу поздрави?

Соино млеко

Протеините во ова млеко го поттикнуваат метаболизмот, а ако ставите малку шеќер ќе го создадете пијалакот кој ќе ве расположи и разбуди исто како и кафето.

3-vkusni-pijalaci-za-bezkofeinsko-budenje-02

Се подготвува од соино млеко со вкус и арома и топла вода или пак се купува како готов производ.

Млечен шејк со цимет и јаболка

Протеините и витамините од млекото и јаболката ќе ви ја обезбедат потребната енергија, а циметот ќе делува како одличен антиоксиданс кој ќе ви ја подобри концентрацијата.

3-vkusni-pijalaci-za-bezkofeinsko-budenje-03

Испасирајте една јаболка, половина шолја млеко и 1 лажичка цимет и безкофеинското, ароматично будење може да започне.

Шејк од какао и црн чај

Какаото е богато со влакна кои го олеснуваат варењето, па затоа согорувањето на храната ќе се одвива забрзано. Чајот содржи аминокиселина која ја подигнува активноста на мозокот, па затоа оваа комбинација е идеална за оние кои сакаат да се подготват за активен ден и истовремено да го задржат менталниот спокој.

3-vkusni-pijalaci-za-bezkofeinsko-budenje-04

Тајната е во тоа што во голема шолја црн чај ќе додадете неколку лажички какао и ќе засладите по желба. Консумирајте го наутро, исто како и кафето.

Би можело да ве интересира:

„Кромид лате“ - Би го пробале ли кафето кое (наводно) ќе биде хит во 2025-та? Еден од коментарите за овој пијалак е: „Не, кромидот нека остане во супата! Сака...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg