-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Интуитивна исхрана - Можеме ли да го јадеме она што го сакаме и да слабееме?

Интуитивно јадење е пристап кон исхраната кој нè враќа во нашите корени, се обидува да ги идентификува специфичните потреби на нашето тело за одредена храна и, на крај, да создаде поздрава врска со храната. 

intuitivna-ishrana-mozeme-li-da-go-jademe-ona-sto-go-saka-naseto-telo-i-da-slabeeme-03.jpg

Имено, сите ние сме родени со интуиција за храна. Како што старееме, наидуваме на сè повеќе забрани и спротивставени информации. Постојат и одредени трендови во исхраната, но реалноста е дека секое тело бара друга храна и едноставно е невозможно една диета да одговара на сите.

Како што старееме, сè повеќе се соочуваме со многу животни предизвици, а честопати заради тага, депресија или само досада, посегнуваме по храна без да чувствуваме вистински физички глад.

Интуитивната исхрана се обидува да го смени тоа.

Заборавете на диети

Ниту една диета не може да биде одржлива на долг рок. Ако сте пробале десетици диети, тогаш сте свесни за јо-јо ефектот, односно враќање на килограмите.

Целата поента на интуитивната исхрана е да препознаете кога сте навистина гладни. Истовремено, треба да вклучите и најмалку три оброци на ден, кои треба да бидат богати со растителни влакна, здрави јаглехидрати, здрави масти и протеини.

Јадењето кога сте тажни, депресивни или чувствувате друга негативна емоција, треба да се избегнува, бидејќи се работи за емотивен глад.

intuitivna-ishrana-mozeme-li-da-go-jademe-ona-sto-go-saka-naseto-telo-i-da-slabeeme-02.јпг.jpg

Не си поставувајте никакви забрани

Се разбира, не е секогаш можно да се јаде само најздрава храна, но тоа не значи дека треба да се чувствувате лошо поради тоа.

Коцка чоколадо, тестенини со крем сос или палачинка, ако се консумираат во умерени количини, нема да му наштетат на вашето здравје.

Intuitivna ishrana mozeme li da go jademe ona sto go saka naseto telo 02 630x340

Престанете со јадење кога сте сити

Подеднакво е важно внимателно да го слушате вашето тело и да препознаете кога навистина сте сити. Дали тоа значи дека мора да застанете на половина изедена порција? Нека биде така.

Со текот на времето ќе научите да подготвувате помали порции од вообичаеното.

Intuitivna-ishrana-mozeme-li-da-go-jademe-ona-sto-go-saka-naseto-telo-04.jpg

Научете како да уживате во храната

Во јапонската култура за јадење, не е важна само хранливата вредност и изгледот на храната што се служи, туку и уживањето во процесот на јадење.

За ова да биде можно во нашите животи, треба да јадеме храна во која навистина уживаме.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg