Зошто слабеењето е многу полесно во летните месеци?
Многу луѓе со доаѓањето на летото забележуваат промени во нивните навики за исхрана. Летните активности како лежење на плажа и често излегување многу лесно можат да ја променат вашата рутина. Понекогаш, овие активности имаат влијание и врз вашите навики за јадење.
Имено, некои луѓе сметаат дека во текот на летните месеци јадат помалку, а притоа се многу поактивни.
Па, дали постои научно објаснување за ова, или станува збор за случајност? Изгледа дека и двете нешта се точни.
Истражувањата од 90-тите укажале на концепт познат како терморегулација. Станува збор за регулација на телесната топлина, и можеби токму ова го објаснува променливиот апетит. На најосновно ниво, сите знаеме дека храната ни дава енергија. Со помош на таа енергија создаваме топлина што ни помага да ја регулираме телесната температура.
Многумина претпоставуваат дека поради ова, луѓето имаат поголема потреба од храна во студените месеци, а јадат помалку во летните. Истовремено, во лето сигурно повеќе сакате да консумирате „полесна“ храна. Се разбира, постојат и многу други фактори што влијаат на вашите навики на исхрана, апетит и ситост.
Нашето тело е интелигентно. Тоа може да ги одреди приоритетните биолошки процеси во склад со условите и да делува на нив. Во текот на летото топлината ја одзема влажноста на телото, а телото настојува да ја исфрли водата во облик на пот за да ја регулира телесната температура. Поради ова, во текот на летото полесно можете да дехидрирате.
Но, каква врска има ова со апетитот и чувството на глад? Имено, делот од мозокот познат како хипоталамус е одговорен за контрола на овие два процеса. Штом ќе препознае глад и го регулира апетитот, хипоталамусот има улога и на термостат на човечкото тело.
Кога телото се обидува да се поти, хипоталамусот почнува да го потиснува апетитот со обид да го намали оптеретувањето. Поради тоа, во текот на летото чувствувате помалку глад.
Најважно е да го слушате вашето тело и да го избегнувате прејадувањето. Исто така внесувајте доволно течности за да не дехидрирате.
Спирова С. | Црнобело