Како се хранат и до кои диети се придржуваат најпознатите супермодели?

Да бидеме реални, за изглед како на најзгодните супермодели, потребни се многу фактори кои ќе бидат наклонети на ваша страна.

kako-se-hranat-i-do-koi-dieti-se-pridrzhuvaat-najpoznatite-supermodeli-01 (1).jpg

Пред сè, тоа се секако генетските предиспозиции, градбата и висината, но тоа не е доволно.

И покрај добрите гени, тие сепак мора да го негуваат своето тело и изглед, а за тоа најважна е исхраната.

Погледнете до каква исхрана се држат моделите на чие тело им завидуваме:

Жизел Бундшен – исхрана базирана на билки

Нејзината диета се состои од 80% зеленчук, житарки од цело зрно, киноа, бобинки, но и чисто место и риба. Жизел не консумира производи со брашно, шеќер и сол, не внесува кофеин и се држи до свежата исхрана, но избегнува овошје.

kako-se-hranat-i-do-koi-dieti-se-pridrzhuvaat-najpoznatite-supermodeli-02.jpg

Лили Олдриџ – достава на храна

Sakara  е програма за здрава исхрана и бренд кој е многу популарен, а Лили не губи време на купување, сечкање и готвење, туку се потпира на достава на свежа риба и вегетеријански оброци.

kako-se-hranat-i-do-koi-dieti-se-pridrzhuvaat-najpoznatite-supermodeli-03.jpg

Миранда Кер – диета по крвна група

Оваа диета се базира на различна употреба на намирници зависно од тоа која крвна група сте. Крвната група на Миранда е „А“, па нејзината исхрана се заснова на зеленчук.

kako-se-hranat-i-do-koi-dieti-se-pridrzhuvaat-najpoznatite-supermodeli-04.jpg

Џасмин Тукс – протеин

Џасмин практикува исхрана која во главно се базира на протеин, а типичен ручек ѝ е пилешко на скара со зеленчук и ориз.

kako-se-hranat-i-do-koi-dieti-se-pridrzhuvaat-najpoznatite-supermodeli-05.jpg

Лаис Рибеиро – стандардна исхрана

Лаис не ја менува исхраната и се држи до одреден начин на исхрана во текот на цела година, но пред големо шоу, јаде многу протеин и зеленчук.

kako-se-hranat-i-do-koi-dieti-se-pridrzhuvaat-najpoznatite-supermodeli-06.jpg

Сара Сампајо – балансирана исхрана

Сара се држи до балансирана исхрана и се обидува да јаде по малку од сите видови храна, без да си забранува било што, но по голем оброк, се чисти со риба и зеленчук.

kako-se-hranat-i-do-koi-dieti-se-pridrzhuvaat-najpoznatite-supermodeli-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg