15 начини како да ослабете без многу труд

Понекогаш не е целта денот да го поминувате во теретана или да се чувствувате виновни, ако сте решиле да пробате малку чоколадо за да бидете во топ форма.

bez-mnogu-trud-15-nacini-za-namaluvanje-na-vishokot-kilogrami-01.jpg

Но, потребно е да имате неколку работи на ум заради кои без многу напор, ќе изгледате одлично:

1. Почекајте 10 минути

Научниците велат дека желбата да јадете нешто трае 10 минути и потоа си заминува. Тоа значи дека добро е да почекате 10 минути пред да јадете, а ако навистина не сте прегладнети, тогаш после тоа чекање воопшто нема ни да посегнете по фрижидерот.

bez-mnogu-trud-15-nacini-za-namaluvanje-na-vishokot-kilogrami-1.jpg

2. Не седете предолго

Ова е добро познат факт - седењето е штетно за вашето здравје, па и за вашата желба да бидете во топ форма, бидејќи го забавува метаболизмот.

3. Пијте вода

Едноставно е, нашите тела често знаат жедта да ја заменат со чувството на глад. Затоа, кога ќе ви се пријаде, прво напијте се вода. Ако гладот не помине за 10 до 20 минути, тогаш седнете да јадете.

bez-mnogu-trud-15-nacini-za-namaluvanje-na-vishokot-kilogrami-2.jpg

4. Заборавете на газираните пијалаци

Покрај тоа што се штетни за здравјето, поголемиот дел од нив се причина за вишок килограми, бидејќи содржат големи количини на шеќери.

5. Не грицкајте

Наместо да посегнете по грицките за да го задоволите апетитот, седнете на маса и јадете бавно цел еден оброк. Уживајте во секој залак.

bez-mnogu-trud-15-nacini-za-namaluvanje-na-vishokot-kilogrami-3.jpg

6. Протеините се ваши најдобри пријатели

Протеините прават да се чувствувате најадени подолг период, па ако за појадок и ручек јадете оброци кои се богати со протеини, помала е веројатноста дека ќе јадете и обилна вечера.

7. Ако сакате да вежбате, вежбајте кардио

Нема потреба да кревате тегови, доволно е да вежбате кардио и да бидете во топ форма.

bez-mnogu-trud-15-nacini-za-namaluvanje-na-vishokot-kilogrami-4.jpg

8. Користете помала чинија

Научно е докажано дека јадеме 22% помалку храна кога јадеме од чинија која е помала за цели 5 сантиметри.

bez-mnogu-trud-15-nacini-za-namaluvanje-na-vishokot-kilogrami-5.jpg

9. Не го користете лифтот

Наместо тоа, дома одете по скали.

10. Заборавете на алкохолот

Покрај тоа што го стимулира апетитот, алкохолот и дебелее. На пример, една чаша вино содржи 85 калории, а пиво дури и 150 до 200 калории. Најлоша опција, секако, се благите коктели.

bez-mnogu-trud-15-nacini-za-namaluvanje-na-vishokot-kilogrami-6.jpg

11. Зошто да одбивате пица?

Ви се јаде пица? Зошто да не. Неколку парчиња пица нема да ви наштетат, но само доколку внимавате што има на неа.

12. Пуканки во кино

Наместо чипс или нешто благо, кога гледате филм во кино, секогаш е подобро да ги одберете пуканките.

bez-mnogu-trud-15-nacini-za-namaluvanje-na-vishokot-kilogrami-7.jpg

13. Одете на куглање со семејството

Ако не можете да се натерате да вежбате во зима, тогаш одлична алтернатива на вежбањето е куглањето кое троши дури 500 калории на два часа.

14. Танцувајте рано до зори

Ако сте на забава, не седете мирно, туку целосно препуштете се на музиката и танцувајте колку ви се танцува.

bez-mnogu-trud-15-nacini-za-namaluvanje-na-vishokot-kilogrami-8_copy.jpg

15. Направете си режим на чистење

Секој ден по малку, еден ден бришење прашина, друг ден пеглање...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg