Антицелулитна диета од 6 дена
Една од главните причини зошто целулитот се таложи е внесувањето на штетни состојки кои со текот на времето се претвораат во масти и остануваат „заглавени“ во телото.
Оваа диета се држи 6 дена и се ослободува од мастите наталожени на погрешни места, бидејќи ви го чисти целото тело.
Планот на исхрана е следниов:
1 ден
Појадок: 1,5 dcl млеко со ниска масленост или јогурт, мед, лажица овесни снегулки и круша.
Ужина: 40g суво овошје
Ручек: 100g пилешки гради, 40g ориз, лук, млад кромид, малку супа од зеленчуци, немасна павлака или јогурт, маслиново масло, сол и феферонки
Ужина: портокал
Вечера: 60g зелена салата, тврдо варено јајце, 50g шунка, 4 лажици сок од портокал, изрендан рен, феферонки
2 ден
Појадок: Фрапе од 1,5 dcl млеко и 125g банана
Ужина: 40g суво овошје
Ручек: 40g тестенини, 200g печурки, лук, 2 лажици немасна павлака или јогурт, зачини, 20g мелени ореви
Ужина: интегрално печиво со 30g безмасно сирење
Вечера: препечено интегрално лепче со свежо сирење, прелиено со 3 лажици сок од портокал, лажица оцет и феферони
3 ден
Појадок: 250g малини, 1,5 dcl млеко, овесни снегулки, 2 лажици мед
Ужина: 40g суво овошје
Ручек: супа од зеленчук
Ужина: јаболко
Вечера: 60g зелена салата, 200g тиквички, 3 лажици сок од портокал, оцет, зачини, 3 лажици кисела павлака или јогурт и 40g интегрален леб
4 ден
Појадок: фрапе од 1,5 dcl млеко и 100g манго
Ужина: 40g суво овошје
Ручек: 40g ориз, 2 филети риба, лажица лимонов сок, исечкан рен, малку копар, 2dcl супа од зеленчук, 2 лажици безмасна павлака или јогур, домат
Ужина: интегрално печиво со 20g шунка
Вечера: салата од шампињони и интегрално печиво
5 ден
Појадок: исечкано јаболко прелиено со сок од лимон, јогурт, лажица овесни снегулки и малку мед
Ужина: 40g суво овошје
Ручек: краставица и половина пиперка прелиени со сок од портокал, лажица оцет, бибер, коријандер, лук, 2 лажички соја сос, 50g интегрален леб и свинско филе без масло
Ужина: половина ананас
Вечера: 250g зелена салата, 200g моркови, 100g варена брокула, 2 лажици кисела павлака, лажица сок од портокал, лажица сенф, 40g интегрален леб и 30g шунка
6 ден
Појадок: киви, јогурт и лажица овесни снегулки
Ужина: 40g суво овошје
Ручек: 100g варен спанаќ со 2 варени јајца, кромид, маслиново масло и 40g интегрален леб
Ужина: 50g интегрален леб и 2 парчиња салама од мисирка
Вечера: салата од никулци од соја со пиперка
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:



