Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вкусна детоксикација: Летна диета со лубеница

Во борбата со килограмите, одличен сојузник ви е лубеницата. Таа може да помогне при намалувањето килограми, особено ако се одлучите на детоксикација која најдобро е да трае 9 -13 дена. А, ако тоа ви е премногу постои и опција од 5 дена.

vkusna-detoksikacija-letna-dieta-so-lubenica-001.jpg

Ако се одлучите за долготрајниот план, тој се состои од две фази: во едната, првите 3 дена се јаде само лубеница, а во другата фаза се додаваат и други намирници, а лубеницата се јаде како меѓу оброк.

Втората фаза не е толку рестриктивна како првата и може да трае 6 -10 дена, но немате голем избор. Со оглед на тоа дека лубеницата содржи многу вода, нема да имате потреба од вообичаената хидратација.

Во првата фаза просечен ден изгледа вака:

За појадок:

Овесни снегулки со млеко и неколку парчиња кравјо сирење

За меѓуоброк:

2-3 парчиња лубеница

За ручек:

Пилешко филе, риба или парче говедско, салата од било кој зеленчук со малку маслиново масло

За вечера:

2-3 парчиња лубеница

vkusna-detoksikacija-letna-dieta-so-lubenica-01

5-дневно мени:

1 ден:

Појадок: парче лубеница, шолја кафе или зелен чај

Ручек: 150g  варено обезмастено говедско месо, 150g варен ориз, парче лубеница

Вечера: 100g свежо кравјо сирење, парче интегрален леб, парче лубеница

2 ден:

Појадок: парче лубеница, шолја кафе или зелен чај

Ручек: 100g варени пилешки прсти, парче леб од цели зрна, парче лубеница

Вечера: 100g риба на жар, 100g варен ориз, 2 парчиња лубеница

3 ден:

Појадок: парче лубеница, парче тост, шолја кафе или зелен чај

Ручек: 50g тестенини со сос од домати, 3 парчиња лубеница

Вечера: салата, неограничена количина лубеница

4 ден:

Појадок: 2 парчиња лубеница

Ручек: супа од брокула, парче леб од цели зрна, 2 парчиња лубеница

Вечера: 2 средно големи компири печени во рерна, 2 парчиња лубеница

5 ден:

Појадок:: 3 парчиња лубеница

Ручек: 150g варено обезмастено говедско, неограничена количина лубеница

Вечера: парче интегрален леб, 100g кравјо сирење, 3 парчиња лубеница

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg