Што јаде Ким Кардашијан за да ослабе по втората бременост?
Ким Кардашијан по второто породување изгуби доста килограми, па за да ги убеди сите дека се храни релативно нормално, откри што јаде во текот на 3 дена.
Ким тврди дека во текот на денот внесува од 1,5 до 2 литри вода, заедно со нејзините 3 омилени дневни менија:
Прво Мени
Појадок: Кајгана со колбас и чадено сирење
Меѓуоброк: 113g јогурт со 1/3 шолја свежи боровинки
Ручек: Пилешко на жар со салата од спанаќ и прелив од фета
Меѓуоброк: 1 морков и 4 лажици хумус
Вечера: Варена боранија со лимон
Вкупна енергетска вредност: 1504 калории
Второ Мени
Појадок: Пилешко и карфиол со сирење и доматно пире, ½ мало јаболко и 50g чедар
Ручек: Пилешка плескавица и салата од домати, свежи краставици и кромид
Меѓуоброк: Енергетски бар
Вечера: Пилешко зачинето со лимон и рузмарин со аспарагус
Вкупна енергетска вредност: 1561 калории
Трето мени
Појадок: Печени јајца со сирење, зелено чили и рукола, за десерт 1/8 диња
Меѓуоброк: Фрапе од ванила
Ручек: Тенки парчиња тиквичка со пикантни пилешки колбаси
Вечера: Пилешко на жар со карфиол и сирење
Вкупна енергетска вредност: 1699 калории
Би издржале 3 дена да се храните како Ким?
М. Д. | Црнобело