3 вистини со кои мора да се соочите ако сакате да ослабете и да ја одржувате тежината

Се обидувате да ослабeте со месеци или можеби години. Конечно, слабеете довoлно за да ве соберат фармерките од средно, но порано или подоцна, повторно не можете да ги облечете ни до бутовите.

3-vistini-so-koi-mora-da-se-soocite-ako-sakate-da-oslabite-i-da-ja-odrzite-posakuvanata-tezina-001.jpg

Зошто слабеењето е толку тешко?

Па, најмногу поради овие неколку нешта кои морате да ги прифатите:

1. Диетите не се решение

Многу луѓе слабеат така што се откажуваат од јаглехидратите или се одлучуваат за некоја друга диета, но овие методи немаат трајни резултати. Тие не се воопшто здрави и тие се толку ограничувачки што на крајот ќе изедете сѐ што ќе посакате. Плус, кога ќе стигнете до целта се враќате на вашите стари навики – па затоа и тежината се враќа.

Слабеењето и можноста да ја одржувате килажата се состои во целосна промена на животниот стил. Тоа значи да пронајдете здрава “диета“ која може да ја практикувате целиот живот. Она што е докажано дека функционира, е исхрана полна со овошје и зеленчук, од цели зрна и лесни протеини.

Секако дека смеете да каснете и нешто „лошо“ одвреме-навреме, тоа дури е и здраво за вас бидејќи така ќе ги елиминирате желбите, но тоа треба да биде умерено. Ќе ви биде потребно време да се навикнете, но штом го направите тоа, ќе се прашувате како сте можеле да бидете толку нездрави.

2. Броењето калории е задолжително

Губењето на килограми е едноставна математика – бројот на калории не смее да го надмине бројот на калории кои телото може да ги согори. И, за да изгубите килограми, потребен ви е дефицит на калории. Броењето на калории можеби ви изгледа многу строго, но ако не броите колку јадете, можно е никогаш да не успеете да стигнете до посакуваната тежина.

Започнете така што ќе разговарате со доктор околу тоа колку килограми сакате да ослабете, а тој или таа ќе ви помогнат да пресметате колку треба да внесувате и колку треба да трошите.

Многумина успешни луѓе кои се избориле со вишокот килограми водат дневник за исхрана или имаат апликација која брои колку калории има секое јадење. Исто така, важно е да внимавате на големината на порцијата.

3. Пешачењето не е доволно

Здравата исхрана е клучна за губење на килограмите, но ако вашата цел е малку подалечна, тоа не е доволно. Ќе треба да вметнете вежбање и тоа не само пешачење околу населбата. Најмногу препораки велат дека за да ослабете, треба да вежбате барем 1 час дневно, 5 дена во неделата.

Зборуваме за оној тип на вежби кои ќе го забрзаат пулсот – трчање, возење велосипед и ролери или интензивно кардио вежбање во сала. Еден час можеби ви се чини како многу, но штом го одвоите тоа време, тоа ќе биде нешто кон што ќе се радувате секој ден.

Освен трошење калории, вежбањето ќе формира мускули кои ќе ви помогнат да трошите уште повеќе калории. Ќе добиете дефиниција на телото, што само дополнително ќе ве приближи до целта, а и ќе се чувствувате поубаво. Вежбањето може да биде начин да си дозволите малку задоволства: ако одите на пешачење од два часа, знаете дека може да уживате во десерт по вечерата без да се чувствувате виновно.

Секојдневното вежбање е подеднакво важно како и правилната исхрана и штом го адаптирате на вашиот живот, губењето килограми и одржување на тежината ќе стане навистина лесно. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg