Што јаде Кејт Хадсон во текот на еден ден?

Кога ќе ја погледнете Кејт Хадсон, веројатно ќе си помислите „ќе правам сè што прави таа, само за да изгледам како неа“ и нема да погрешите.

sto-jade-kejt-hadson-vo-tekot-na-eden-den-001.jpg

Кејт Хадсон тврди дека не се изгласнува, нема ригорозна диета до која се придржува, туку само навики кои со текот на годините сфатила дека и одговараат на организмот.

Ова се нејзините тајни:

Таа не го сака појадокот

Колку сите и да тврдат дека појадокот е најважен, Хадсон вели дека го прескокнува.

„Не сум од оние луѓе кои се будат гладни. Сфатив дека кога појадувам, јадам многу помалку во текот на денот.“

Повеќето утра Кејт се буди со шолја црно кафе и зелен шејк. После тренингот, кој варира од возење велосипед, до трчање или пилатес, пие протеински шејк.

sto-jade-kejt-hadson-vo-tekot-na-eden-den-1.jpg

Алкална диета

Хадсон се придржува до високо алкална диета, што значи дека ја избегнува киселата храна. 60% до 80% од калориите ги внесува преку тофу, јаткасти плодови, овошје и зеленчук.

Диетата значи дека од исхраната треба да го исфрлите месото, млечните производи, глутенот и шеќерите.

Не е 100% посветена на здравата исхрана

После протеинскиот шејк за појадок, Хадсон обично руча салата и има рана вечера. Таа се фокусира на малите порции и преферира растителни специјалитети.

sto-jade-kejt-hadson-vo-tekot-na-eden-den-3.jpg

Но, тоа не значи дека не скршнува од диетата.

„Ако излезам во ресторан со фантастична храна, јадам што ќе посакам еднаш неделно без да чувствувам грижа на совест.“

Нејзините најголеми „гревови“? Хавајска пица и безглутенски макарони со сирење.

sto-jade-kejt-hadson-vo-tekot-na-eden-den-2.jpg

Обожава кафе

Хадсон ги отвора очите со кафе и сè до пладне пие по неколку голтки. Ова е можеби најлесната навика која можете да ја присвоите.

sto-jade-kejt-hadson-vo-tekot-na-eden-den-4.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg