Психолошки трикови со чија помош ќе го измамите гладот

Ако и вие сте од личностите кои едноставно не можат да одолеат на забранетите задоволства овие психолошки трикови се одлично решение кое ќе ви помогне да одржите телесната тежина.

Psiholoski-trikovi-so-cija-pomos-kje-go-izmamite-gladot-01

Организмот понекогаш едноставно потклекнува пред предизвиците, а понекогаш и свесно се убедуваме дека една коцка чоколадо пред легнување не е ништо страшно.

Исто така честопати јадеме и без да почувствуваме вистински глад, заменувајќи го на некој начин недостатокот од активности со храна.

Ако се пронајдовте во овие реченици овие психолошки трикови се одлично решение да го доведете вашето тело и линија во ред.

1. Бидете свесни за сопствените слабости

Можеби еден ред чоколадо не е многу, но ако тоа ви стане секојдневна навика тогаш веќе имате проблем. Никој не вели дека треба да се откажете целосно од благо, но сепак воведете некаков ред.

На пример нека петокот ви биде ден за пост, ден кога храната ќе ви се состои од салати и овошје, а во сабота наградете се за издржаниот пост со омилениот колач или парче чоколадо.

Воведете ваков режим и за другите видови храна. На пример одредете ден за тестените и леб, а останатите денови избегнувајте харана која содржи брашно.

2. Штом почувствувате наплив на глад, почекајте малку

Силната желба за храна најчесто не доаѓа од вашиот желудник туку од вашата глава и истата укажува не некоја друга потреба која со текот на времето сте научиле да ја потиснувате внесувајќи храна.

Штом почувствувате таков нагон седнете и почекајте некое време или занимавајте се со нешто како не би мислеле на храната цело време. По само неколку минути ќе сфатите дека воопшто не сте гладни туку едноставно ви треба некаква друга занимација која ќе ви го држи мозокот зафатен.

3. Водете задолжителни оброци и исфрлете сè измеѓу

Воведете 3 оброци во денот и придржувајте се до тоа. Овошјето не е ужина туку оброк па најдобро би било да го јадете за појадок.

Овошјето дава многу повеќе енергија од кој било калоричен оброк. После извесно време ќе сфатите дека овошјето е вистинскиот избор а енергијата која ќе ја чувствувате ќе ви потврди дека сте целосно во право.

4. Намалете ги оброците и зголемете го внесот на течности

Многу често јадеме повеќе храна од тоа што ни треба. Затоа следниот пат кога ќе седнете да јадете намалете ја количината на храна во чинијата, јадете побавно и убаво изџвакајте го секој залак.

Ако сè уште чувствувате глад после оброкот, почекајте малку. Напијте се вода, чај, некој природен сок и ќе видите дека гладот ќе исчезне. Зачинете ја лимонадата со ѓумбир кој е одличен за детоксикација и чистење на телото.  

5. Приспособете го начинот на исхрана на начинот на живот

Едноставното правило е дена најмалку 3 часа пред спиење не треба да го оптоварувате организмот со никаква храна. Значи ако сте човек кој со легнува доцна навечер за вас не важи правилото дека нема јадење после 18 часот бидејќи организмот не може да издржи без харана ако последниот оброк ви бил во 15 часот а си легнувате околу полноќ или подоцна.

Затоа организирајте ги оброците според вашето темпо на живот, но сепак придржувајте се до наведените психолошки трикови и ќе видите дека резултатите нема да изостанат.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg