Правило кое ќе ви помогне да ослабете 3 килограми за 1 месец
Застанавте на вагата, а таа покажа неочекувани килограми повеќе? Време е за мали промени. Ако сакате конечно да се ослободите од зимскиот вишок, запаметете еден број, односно едно правило кое ќе ви стане рутина.
Стручниот магазин Cell Metabolism има интересен заклучок кога се работи за слабеењето. Според истражувачите, важно е да го запаметите бројот 10 и да го применувате во следново правило:
Правилото на бројот 10 е едноставно, а објаснува колкав треба да биде временскиот простор помеѓу првиот и последниот оброк во денот.
Оваа навика е врзана за метаболизмот и системот за варење кој преку денот работи со полна пареа, а навечер би требало да одмора.
Пример, ако појадувате во 8 часот наутро, вашиот последен оброк би требало да биде 10 часа подоцна, односно после 18-19 часот треба да прекинете со јадење.
Во текот на истражувањето, мажите и жените кои биле вклучени ги забележале следниве промени по само 21 ден:
- просечно ослабеле по околу 3 килограми
- имале повеќе енергија
- количината на шеќер во крв била беспрекорна и се пофалиле до далеку подобар сон од претходно
Правилото можете да го примените уште денес. Ако почувствувате глад по последниот оброк, дозволено ви е да се напиете полна чаша вода или незасладен чај од камилица или нане.
M. Д. | Црнобело