Диета со чоколадо, црвено вино и кафе: 3 килограми помалку за 7 дена
Верувале или не, сега постои диета која дозволува и поттикнува консумација на чоколадо, црвено вино и кафе.
Ако сте љубител на овие намирници, тогаш ќе ја обожувате Sirtfood диетата.
Осмислена и тестирана од нутриционистите Ејдан Гогинс и Глен Матен, овој режим на исхрана го презентирале во книгата: „The Sirtfood diet: The revolutionary plan for health and weight loss“
Oваа диета се базира на консумирање на храна која поттикнува настанување на мноштво ензими под називот сиртуин. Истражувањата покажуваат дека тие го држат метаболизмот под контрола и плус, го забрзуваат согорувањето калории.
Ова се дел од намирниците кои го активираат сиртуинот:
Пијалаци – зелен чај, незасладено црно кафе, црвено вино (особено Пино Ноар).
Овошје и зеленчук – цитрусни овошја, јаболка, боровница, целер, кељ, виолетов кромид, рукола, цикорија.
Зачини – магдонос, куркума.
Други намирници – темно чоколадо со минимум 75% какао, ореви, маслиново масло, лосос.
Основни правила на диетата:
1. Првите 3 дена се внесуваат 1.000 калории дневно со консумирање на 3 смути и 1 оброк направен од намирниците од листата дадена погоре.
2. Од 4-тиот до 7-миот ден се внесуваат 1.500 калории дневно со конзумирање на 2 смутија и 2 оброци.
Резултати:
Гогинс и Матен јa тестирале диетава исклучиво на испитаници кои редовно т.е. секојдневно се занимаваат со вежбање на телото. Сите испитаници во просек изгубиле 3 килограми за 7 дена.
Нутриционистите нагласуваат дека пред сѐ ова е режим на исхрана, а не драстична диета за нездраво губење килограми. Нејзината цел е да го зајакне метаболизмот и имунолошкиот систем т.е. да ја подобри општата состојба на здравјето која со редовна телесна активност со текот на времето ќе вроди и со губење на вишок килограми.
С. С. | Црнобело