Сакате да се здебелите? Качете 2 килограми за 2 недели

Некои велат дека е многу потешко да се здебелиш, отколку да ослабеш. Колку и да звучи за неверување, сепак многу луѓе имаат тешкотии при здебелување...

sakate-da-se-zdebelite-kacete-2-kg-za-2-nedeli-1

Причините заради кои луѓето нагло слабеат и не можат да се здебелат можат да бидат здравствени проблеми, недостаток на апетит или едноставно генетски.

За среќа постои диета која ќе ви помогне да качите 2 килограми за 2 недели:

Бројте калории, но и витамини

Фокусирајте се на здрави намирници, кои сочинуваат витамини, минерали и калории. Збогатете го оброкот со јогурт, овошје, апетисани и здрави маснотии.


Јадете често

Колку почесто јадете, толку побрзо ќе се здебелите. Се советува да се консумираат 6 оброци на ден кои содржат протеини, скроб, овошје и зеленчук.


Здрави пијалаци

Здравите и сочни пијалаци исто така се еден вид на храна која ќе ви помогне да се здебелите, затоа е добро да ги комбинирате со оброците. Одличен избор ви се 100 проценти природните, органски пијалаци како сок од портокал или млеко.


Подобрете си го апетитот

Ако не ви се јаде, постојат едноставни трикови кои ќе ви го стимулираат апетитот. Кратката прошетка и омилените грицки се дел од работите кои ќе ви отворат апетит. Вода секогаш пијте после оброк, бидејќи може да ве засити.


Намирници кои треба да се најдат на вашето мени

Намирниците богати со калории и хранливи материи се оние кои содржат маснотии, а посебно билни кои ги има во кикириките, путерот од кикирики, бадемите и авокадото.

Сушеното овошје исто така содржи многу калории и шеќер, па можете наутро да го комбинирате со јогурт, овесни снегулки или во овошни салати.

Сланината содржи многу калории, а ако преферирате риба тогаш одберете лосос.

Ако сте љубител на слатко, не се воздржувајте и веднаш посегнете по сладолед или чоколадо. 

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg