За сите кои сакаат да се здебелат: Совети за здраво добивање неколку килограми плус
Немаат мака само девојките кои сакаат да ослабат, туку и оние кои сакаат да добијат некој килограм плус, но никако не им успева. Сепак, тоа не значи дека треба да се хранат калорично и нездраво, туку да послушаат некои од советите на докторите.
Најважно правило за здрава линија е што јадете, а не колку јадете. Затоа, без оглед на тоа дали се обидувате да се здебелите или да ослабете, водете сметка што внесувате во организмот.
Пред да започнете, важно е да се подготвите за фактот дека се работи за долготраен процес. Здравото создавање мускули не се случува преку ноќ, а целта не е да создадете сало, туку мускули, а притоа да останете здрави.
Вашата мисија е да го зголемите калорискиот внес, но со здрави калории. Дали тоа ќе бидат 500 или 1.500 зависи од метаболизмот и тежината која сакате да ја добиете.
- Како и при слабеењето, важно е да јадете повеќе оброци во текот на денот (5-7), со тоа што за да се здебелите треба да ја зголемите дозата на протеини во комбинација со јаглехидрати.
- Протеините се важни за создавање на мускулите, а од јаглехидратите треба да го избегнувате шеќерот и да јадете повеќе ориз, тестенини и компири.
- Мастите внесувајте ги со јадење повеќе јаткасти плодови и намирници како маслиново масло и путер.
- Важно е да не ги прескокнувате оброците, туку да задржите константна количина калории, бидејќи во спротивно ќе се здебелите нездраво и ќе создадете наслаги на сало.
- Покрај целиот режим на исхрана не заборавајте на вежбањето, барем трипати неделно, за калориите да не се претворат во масти и да добиете убави мускули.