Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Диета со домати за брзо губење на вишокот килограми

Свеж, зготвен, цеден - доматот е вистински бисер меѓу зеленчукот, бидејќи не само што ќе ви помогне брзо да ослабете, туку и ќе го исчистите телото од разните токсини.

dieta-so-domati-za-brzo-slabeenje-1

Со помош на оваа диета можете да изгубите до 3 килограми за 5 дена, а што е најважно нема да се изложите на изгладнување како што е можно со другите диети.

Погледнете како изгледа менито за брзо слабеење:

1 ден

Појадок:

2 парчиња црн леб со малку маргарин и 1 кафена лажичка мед

Чај или кафе без шеќер

Ручек:

Салата со домати и сирење( 150 грама издробено сирење без масти, 350 грама свежи домати, 1 лажица маслиново масло и ½ лажичка босилек или оригано)

Ужина:

1 јаболко или друг вид на овошје

Вечера:

Тестенини со сос од домати (количината на тестенините е 60 грама)

dieta-so-domati-za-brzo-slabeenje-2

2 ден

Појадок:

200 грама јогурт помешајте го со лажичка мед и додајте 2 супени лажици овесни снегулки

Ручек:

Грчка салата

Ужина:

Овошје или чаша кафе со 2-3 крекери од интегрално брашно

Вечера:

Супа со ослиќ

Подготовка: На малку масло испржете 2 главици лук, па додајте 2 поголеми домати исечкани на крупни парчиња и 2,5 децилитри супа од зеленчук. Сето тоа гответе го околу 10 минути. Смесата процедете ја, додајте сол, бибер, 125 грама варен ориз и печен ослиќ. Оброкот украсете го со една лажичка кисела павлака.

dieta-so-domati-za-brzo-slabeenje-3jpg

3. ден

Појадок:

Интегрално печиво со 2 лажички сирење. На едната половина од печивото ставете од сирењето и едно парче домат и малку сечкан лук, а другата половина намачкајте ја со мед.

Ручек:

Тортелини( 300 грама домати, 100 грама печурки, 2 јајца, 4 лажички минерална вода, сол и бибер. Сервирајте ги заедно со ржен леб)

Ужина:

2 моркова и 30 грама пушена шунка

1 децилитар сок од домати

Вечера:

Месо со домати(125 грама говедски шницли, пола главица лук и 400 грама домати исечкани на коцки и пржени во маслиново масло, а заедно со оброкот јадете тост од ржен леб)

4 ден

Појадок:

Две парчиња тост намачкајте ги со намаз од сирење и ставете над нив по едно парче шунка.

2 децилитра сок од свежи домати

Ручек

Ладен гаспачо

Подготовка: Сварете 500 грама домати, пиперка и една краставица исечкани на коцки, а потоа измешајте ги заедно со лажичка маслиново масло, кромид и малку лебни трошки. Додајте сол и бибер и пред сервирање оладете го оброкот.

dieta-so-domati-za-brzo-slabeenje-4jpg

Ужина

Направете сендвич од тост со сусам, парче пушено мисиркино и одозгора ставете домат сечен на дебели кругови.

Вечера:

Домат со ориз

Подготовка: Исечете ги врвовите на 2 домати и направете простор во внатрешноста, а потоа ставете ги во огноотпорен сад. Смесата за полнење направете ја од 50 грама сирење, 125 грама сварен ориз, малку босилек, домат исечен на коцки и кромид. Наполнете ги доматите и печете на загреана рерна 15тина минути.

5 ден

Појадок:

2 децилитри сок од домат

2 тоста намачкани со топено сирење со домат над нив

Ручек:

Италијанска салата

Подготовка: Исечете тост леб на коцки и 400 грама домати, па додајте малку зелена салата. Прелијте ја салата со 2 лажички маслиново масло и оцет, додајте сол и бибер.

Ужина:

Киви и јаболка, исечкани на коцки и помешани со неколку капки мед. Додајте неколку ливчиња свежо нане.

Вечера:

Рататули

Подготовка: За овој оброк потребно е да исечете на коцки 200 грама компир, 4 моркови, 2 кромида, 100 грама печурки и 4 стебленца од целер. Исечкајте 2 главици лук и 2 кромида, загрејте го маслото и додајте го сиот зеленчук и компирот. Зачинете со сол, бибер и оригано. Додајте 100 милилитри супа од зеленчук и сето тоа варете го 10тина минути. Додајте 2,5 децилитри сок од варен домат. Повторно гответе околу 15 минути.

dieta-so-domati-za-brzo-slabeenje-5jpg

Додатна напомена: Доколку чувствувате глад помеѓу оброците, можете слободно да консумирате 2 децилитри сок од свеж или варен домат.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg