Како дневно да внесувате 500 калории помалку?

Неколку истражувања покажале дека појадокот може да ви помогне во текот на денот да внесете и до 500 калории помалку.

kako-dnevno-da-vnesuvate-500-kalorii-pomalku-01

Личностите кои јадат по 2 јајца за време на појадокот во просек внесуваат 400 калории помалку во текот на денот,  во однос на личноста која не појадува јајца.

За успешно слабеење потребно е да внесувате помалку калории отколку што му се потребни на телото. За да изгубите половина килограм неделно потребно е да внесувате 500 калории помалку. Тоа може да ви звучи тешко, но всушност е многу едноставно, а во тоа може да ви помогнат неколку совети.

Не го прескокнувајте појадокот

Докажано е дека оние кои никоаш не го прескокнуваат појадокот во текот на денот внесуваат помалку калории бидејќи имаат помалку чувствуваат глад, особено за јаглени хидрати. Неколку истражувања покажале дека појадокот може да ви овозможи во текот на денот да внесете и до 600 калории помалку.

Појадувајте јајца

Јајцата се одлични бидејќи може да ги подготвите на различни начини, па нема да ви досадат. Јадете ги сварени, како кајгана или на око, а како додатоци може да користите некој зеленчук.

kako-dnevno-da-vnesuvate-500-kalorii-pomalku-1

Престанете да пиете сокови

Ако секојдневно пиете сокови, многу лесно ќе ви биде да ослабете ако ги прекинете. Водата и чаевите се најдобар избор за хидратација и потиснување на жедта . Вкусот на водата и чаевите може да го збогатите со омиленото овошје.

Вежбајте кратко, но повеќе пати во текот на денот

Едно истражување покажало дека личностите кои на секоја пауза за реклами додека гледаат телевизија, потскокнуваат или трчаат во место, трошат и до 300 калории повеќе. Може да додадете и стомачни или склекови. Така вашето тело ќе троши калории и откако ќе седнете повторно.

Престанете да јадете пред телевизор

Истражувањата покажуваат дека оние кои јадат пред телевизор внесуваат околу 300 калории повеќе. Главната причина е тоа што не сте фокусирани на храната и не сте свесни колку од што сте изеле. Телевизорот ви го привлекува вниманието, затоа секогаш е подобро да јадете во трпезаријата и да се фокусирате на жвакањето, вкусот и мирисот на храната.

kako-dnevno-da-vnesuvate-500-kalorii-pomalku-2

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg