Направете си сами природен чај за слабеење
Секојдневно сме соочени со разни препарати за слабеење, но честопати се случува некои од состојките во истите тие препарати да не ни одговараат.
Разните апчиња, сирупи и пијалаци наменети за слабеење знаат да чинат многу, а резултатите не се секогаш видливи. Освен тоа, со нивна консумација го ризикувате вашето здравје.
Оваа смеса од билки успешно го регулира вашиот метаболизам, а со мали корекции во исхраната и придржување до рецептот на чајот, вашите резултати ќе бидат видливи.
Состојките за овој чај можете да ги набавите во сите добро снабдени маркети, и во билните аптеки:
- Мајчина душица
- Ајдучка трева
- Коприва
- Жалфија
- Шипка
- Кантарион
- Вилино сито
- Коњско опавче
Начинот на подготовка е следен:
- Промешајте ги сите состојки и ставете ги во стаклена тегла или хартиена кеса.
- Ставете по 4 грама од измешаните билки во 1 литар вода. Ставете ја на тивок оган.
- Откога ќе зоврие водата, оставете ја да се олади неколку часа.
- Добиениот чај се пие пред и во текот на оброкот, а во него можете да додајте неколку капки јаболков оцет за подобри резултати.