7 начини да ја намалите тежината за 7 дена
Не се работи само за тоа да ги изгубите килограмите со тоа што ќе ја смените исхраната и ќе вежбате. Ако сакате да постигнете успех на подолги патеки, мора да го промените и начинот и односот кон храната.
Пробајте ги следните 7 трикови во рок од 7 дена, по еден на ден и ќе научите сосем нов пристап кон храната и вежбањето.
Прв ден
Испланирајте го менито за целата недела. Така ќе имате подобар увид во она што го јадете, колку и како. Тоа е многу подобро од стихијното земање оброци без план и програма. Уште еден совет: Неколку оброци може да подготвите наеднаш и да ги распоредите и развлечете да ви стигнат за 7 дена. На пример: Испржете две пилиња и поделете ги за преку еден ден во текот на цела недела. Сварете поголема количина бел грав, да имате барем за 2 дена.
Втор ден
Распоредете го времето и обврските во текот на неделата. Ако треба да одите во некој дел од градот каде не се движите често, размислете уште што можете да завршите на едно одење. Некои обврски распоредете ги и на другите членови од семејството кои може да ви помогнат. Сепак, кога ја правите листата бидете реални и не претерувајте.
Трет ден
Ден во кој ќе ги распоредите оброците за да јадете почесто, но помалку. Грижете се за своето здравје. Јадете почесто, а помалку, наместо еднаш дневно.
Четврти ден
Не се навикнувајте да јадете каде стигнете и во сите соби. Задржете се во кујната и концентрирајте се ан јадењето наместо на телевизорот или компјутерот.
Петти ден
Кога јадете не правете ништо друго. Мултитаскингот е добар на работното место, но не и додека јадете. Ако правите нешто друго истовремено не забележувате колку многу јадете и не внимавате што внесувате. Ако се концентрирате на јадењето ќе си ги нахраните и очите и мозокот и стомакот и нема да имате потреба од грицки подоцна.
Шести ден
Побарајте поддршка, организирајте ги другарките, па и тие нека ви се придружат во вежбањето или слабеењето. Полесно е кога имате друштво.
Седми ден
Научете да ги контролирате мислите. Исто како што некои места ви го поттикнуваат апетитот, така и мислите. Ако посакувате да изедете чоколадо кога ќе го видите на некоја реклама, истото ќе ви се случува и кога само ќе помислите на чоколадо. Научете се да ги отфрлате таквите мисли, ако треба и почнете нешто да работите со рацете (пеглање, пишување, чистење) за да ви бидат зафатени и да не можете да јадете.
Обидете се во рок од седум дена да ги воведете овие трикови и уште во втората недела ќе имате видливи резултати.