Што да јадете доцна навечер, а да не влијае на килограмите?

Наместо да се најадете со некои нездрави грицки, нездрав сендвич или чоколада, попаметно би било да ги следите овие неколку совети пред да си го оптоварите желудникот.

sto-smeete-da-jadete-docna-navecer-01

Најдобар избор за оброк пред спиење е овесна каша со млеко. Да, можеби не звучи вкусно и привлечно, но ќе ве засити. Покрај тоа има доволно јаглехидрати кои ослободуваат серотонин, кој ќе ви помогне да го смирите мозокот и да потонете во сон.

Каснете и малку нискокалорично сирење. Магнезиумот од сирењето ќе ви го смири мозокот и ќе го подобри квалитетот на сонот. Со уште неколку крекери или двопек, подготвени сте за мирен сон.

Слично дејство има и јаткастото овошје, кое е полно со магнезиум, па затоа пред спиење грицкајте ореви, бадеми или кикирики. Секако, не претерувајте количински.

sto-smeete-da-jadete-docna-navecer-02

Покрај храната, постојат и пијалаци кои имаат слично дејство, како што е сокот од вишни. 2 чаши дневно, една наутро и една навечер, ќе го подигне нивото на мелатонин кој го подобрува сонот.

За крај, најстариот рецепт во светот - шолја млеко. Млекото содржи аминокиселина триптофан која го подобрува сонот.

Би можело да ве интересира:

7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg