Ослободете се од „зимското стомаче“ во 6 чекори
Диетата на нутриционистот Марла Хелер стана здрав хит во САД, бидејќи не вклучува броење а калории, трчање на подвижна лента или неподнослив начин на исхрана.
Позната е под името DASH, а наводно веќе по 2 седмици дава сјајни резултати. Сè што треба да правите е да ги следите овие 6 чекори:
1. Јадете 3 оброци дневно, плус 3 ужини
2. Избегнувајте ги напорните физички активности. Наместо тоа, 30 минути во денот вежбајте јога или пешачете.
3. Одете порано на спиење.
4. Внесувајте доста течности. Пијте 8 чаши вода дневно или свежо цедени сокови од зеленчук и билни чаеви. Држете се подалеку од кофеинот и засладените сокови.
5. Внесувајте умерена количина на солени намирници.
6. Опуштете се и бидете оптимисти. Размислувајте на тоа како позитивните ефекти ќе бидат брзо видливи.