Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета?

Не ги изоставајте здравите масти

Не треба да се откажете од мастите бидејќи се неопходни за нашето тело. Она што е важно е какви масти внесувате.

Експертите препорачуваат да му дадете предност на маслиновото масло кое е многу достапно и кај нас.

Добро е да внесувате и храна богата со здрави масти, како авокадо.

Генерално, треба да ги избегнувате таканаречените заситени масти кои се наоѓаат во путерот, свинското месо и палминото масло.

go-namaluva-holesterolot-i-pomaga-vo-slabeenje-zoshto-treba-da-ja-probate-mediteranskata-dieta-05.jpg

Бидете умерени со млечни производи

Од млечни производи, најдобро е да им дадете предност на оние кои се помалку преработени, како фета, моцарела и пармезан.

Можете да внесувате и грчки јогурт, кисело млеко и обично млеко.

Избегнувајте да јадете млечни производи со секој оброк.

Одвреме-навреме можете да јадете и сладолед.

go-namaluva-holesterolot-i-pomaga-vo-slabeenje-zoshto-treba-da-ja-probate-mediteranskata-dieta-06.jpg

Бидете умерени со месото

Во медитеранскиот начин на исхрана, не треба да претерате со месо и риба и не ги консумирајте секој ден.

Во умерени количини консумирајте пилешко, лосос, туна, телешко, сардини, ракчиња…

Ако ви се потребни повеќе протеини во исхраната, тогаш дајте ѝ предност на рибата.

Придобивките од намалениот внес на месо се потврдени со бројни истражувања.

На пример, според студија од Оксфорд, испитаниците кои јаделе месо само за викенди го намалиле ризикот за појава на рак на стомакот за девет проценти.

go-namaluva-holesterolot-i-pomaga-vo-slabeenje-zoshto-treba-da-ja-probate-mediteranskata-dieta-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg