Редизајнирана С-класа

Четири години од лансирањето на новата генерација на Мерцедес С - класа и 270.000 продадени примероци, Мерцедес го претстави фејслифтингот на својата...

 

...најпродавана луксузна лимузина.

Подинамичен изглед, извонредни способности како и многубројни технолошки иновации, С-класа поставува нови стандарди во автоиндустријата и останува лидер во премиум сегментот.

redizajnirana-c-klasa1

Мерцедес моќе да се пофали и со првата лимузина на хибриден погон С400-ХИБРИД, како и големата палета на 8 мотори меѓу кои 2 дизелски и 6 бензинци, како и верзија со модифициран 7Г-ТРОНИК автоматски менувач.

Дизелските мотори се 6 цилиндрични С 350 ЦДИ со 235 коњски сили и 8 цилиндарски С 450 ЦДИ со 320 коњски сили.

redizajnirana-c-klasa2

Бензинските мотори се 6 цилиндарски С 350 со 272 коњски сили и два 8 цилиндарски С 450 со 340 коњски сили и С 500 со 388 коњски сили како и најбрзиот во палетата С 600 со 517 коњски сили кој забрзува до 100-ка за само 4,6 секунди.

redizajnirana-c-klasa3

Тука секако во внатрешноста може да се забележи најнова технологија меѓу која се наоѓа и новиот систем за предупредување на возачот од замор, како и сензорите за ноќе кои предупредуваат доколку во далечината се наоѓа пешак.

Овој мерцедес ќе се најде на пазарот оваа есен.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не плаши се дека животот ќе ти заврши. Плаши се дека нема никогаш ниту да почне.
Грејс Хансен